
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот специјален пратеник Стив Виткоф постигнал голем напредок во разговорите со рускиот претседател Владимир Путин.
На својот профил на мрежата „Truth Social“, Трамп изјави дека информирал одредени европски сојузници за резултатите од разговорите меѓу Виткоф и Путин во Москва и дека се согласува со сите дека војната во Украина мора да заврши.
Мораме да работиме на тоа во наредните денови и недели“, рече Трамп.
