Skip to main content

Tрамп најави ќе ги заплени резервите на збогатен ураниум на Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД ќе ги запленат резервите на високо збогатен ураниум на Иран.

– Ќе го земеме. Не ни треба, не го сакаме, веројатно ќе го уништиме откако ќе го земеме, но нема да им дозволиме да го имаат – изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа.

Тој додаде дека САД не сакаат да бидат обврзани за премин низ Ормуската Теснина.

Американскиот претседател, исто така, рече дека го одложил потпишувањето на извршната наредба за вештачка интелигенција закажана за денеска затоа што „не му се допаѓаат одредени аспекти од неа“.

Тој планирал церемонија на потпишување на која треба да присуствуваат извршни директори на компании од областа на вештачката интелигенција.

Според два извори, наредбата би создала доброволна рамка преку која развивачите на вештачка интелигенција можат да комуницираат со американската влада пред јавно објавување на одредени модели. Од друга страна, Трамп посочи дека за време на средбата со кинескиот претседател Шји Џјинпинг за време на неговата тридневна посета на Кина минатата недела, двајцата разговарале за „заштитните мерки“ за вештачката интелигенција

Поврзани вести