Skip to main content

Емери: Не сум крал на Лига Европа

 Менаџерот на Астон Вила Унаи Емери соборува рекорди и синоќа со својата екипа го освои пехарот во Лига Европа. Ова е за него петти триумф во ова натпреварување откако претходно во три наврати победуваше со Севиља и еднаш со Виљареал.

Благодарен сум на сопствениците, тие постојано не поддржуваа. Секако и на навивачите и играчите. Секогаш кога бев успешен во ова натпреварување ми беа потребни добри играчи. Ова е навистина фантастично. Сите заедно сме кралеви. По 1982 година кога клубот го освои Купот на шампионите (сега Лига на шампионите), тоа е она нешто што недостасуваше. Освојувањето на трофејот не прави среќни, а ова финале е потврда дека напредуваме, изјави Емери.

Астон Вила во Истанбул синоќа со 3:0 го совлада Фрајбург во финалето од Лига Европа. Во недела во последното коло гостува кај екипата на Манчестер Сити, а со 62 бода е на четврто место на табелата

Поврзани вести