Skip to main content

Кривична за злоупотреба на служба против градоначалникот на Врапчиште

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против лицето И.Ш. во својство на градоначалник на Општина Врапчиште поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “Злоупотреба на службената положба и овластување” од чл.353 ст.3 в.в со ст.1 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Како што стои во соопштението, пријавениот И.Ш., во текот на 2025 година, ги пречекорил границите на своето службено овластување и постапил спротивно на член 157 став 1 од Законот за јавни набавки (Сл. Весник на Р. Македонија бр.24/2019 од 01.02.2019 година), на начин што склучил Договор за набавка на работи – Реконструкција на локален пат во Добридол од центар на селото до вкрстување со сервисниот пат покрај државниот пат А2 делница Тетово – Гостивар бр. 0507-219/17 од 03.04.2025 година со избраниот економски оператор без да ја дочека конечната одлука по поднесена жалба од Државна комисија за жалби по јавни набавки согласно која одлуката за избор била поништена.

И покрај ваквата одлука од страна на Државната комисија за жалби по јавни набавки, пријавениот извршил плаќање по однос на склучениот договор на правното лице во вкупен износ од 11.848.675 денари, со кои дејствија му овозможил на правното лице да се стекне со противправна имотна корист за наведениот износ, наведуваат од Управата за финансиска полиција.

Поврзани вести