
Заменик-министерката за европски прашања. Викторија Трајков, денеска во Собранието се обрати на настан посветен на европската интеграција и актуелните геополитички предизвици, организиран со поддршка на меѓународни партнери и институции.
Во своето обраќање, заменик-министерката истакна дека евроинтегративниот процес претставува клучен двигател на реформите, институционалниот развој и економската стабилност на државата.
Европската интеграција не е само политичка цел, туку процес на суштинска трансформација кој треба да донесе функционални институции, владеење на правото и подобар животен стандард за граѓаните, нагласи Трајков.
Таа посочи дека, во услови на нов геополитички контекст и обновен фокус на проширувањето на Европската Унија, Македонија има историска можност да го забрза својот европски пат преку спроведување кредибилни и видливи реформи.
Трајков потенцираше дека Владата останува целосно посветена на реформската агенда, со акцент на владеењето на правото, борбата против корупцијата, реформите во јавната администрација и економската конкурентност.
На настанот учествуваа претставници на институциите, дипломатскиот кор, експерти и меѓународни партнери, кои дискутираа за европската перспектива на регионот и предизвиците во процесот на проширување на Европската Унија.

Македонски


