Skip to main content

Трајков: Жените се двигатели на европските перспективи за иднината на Западен Балкан

Министерство за европски прашања

Заменик-министерката за европски прашања, проф. д-р Викторија Трајков, учествуваше и се обрати на меѓународната конференција во организација на Фондацијата Конрад Аденауер, во соработка со Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и EPP Women посветена на унапредување на женското лидерство и европската перспектива на Западен Балкан во светлината на безбедносните и технолошките предизвици во Европа, се наведува во соопштението од Кабинетот на министерката кое МИА го пренесува интегрално.

Во своето обраќање во рамки на панел-дискусијата ,,Поврзувањето на иновациите помеѓу Западен Балкан и Европската Унија” Трајков истакна дека улогата на жените во науката, технологијата и иновациите е клучна за забрзувања на европската интеграција на регионот.

Инвестирањето во жените во STEM областите не е само прашање на еднаквост, туку стратешка потреба за економски развој, дигитална трансформација и зголемена конкурентност на Западен Балкан во рамки на Европската Унија“, нагласи Трајков.

Таа посочи дека Македонија активно работи на креирање политики што ги поттикнуваат младите, особено девојките, да се вклучат во научно-истражувачките и технолошките области, како и на зајакнување на врските меѓу образованието, бизнис секторот и иновациските еко-системи.

Европската перспектива на регионот зависи од нашата способност да создадеме инклузивни општества каде што жените се носители на промени, иновации и напредок“, додаде Трајков.

Конференцијата обедини високи претставници, политичари, експерти и носители на одлуки од регионот и Европа, со цел размена на идеи и искуства за улогата на женското лидерство во услови на геополитички предизвици, безбедносни ризици и технолошки трансформации.

Настанот е организиран со поддршка на меѓународни партнери и претставува важна платформа за продлабочување на соработката и унапредување на европските интегративни процеси на Западен Балкан.

Поврзани вести