
Прославата на фудбалскиот клуб Вардар на освоената титула по мечот со Струга наиде на критика и на осуда заради речникот на фудбалерите, а во име на тимот се извини се уште актуелниот тренер на Вардар и селектор на националниот тим Гоце Седлоски.
„Во мое лично име и во сите играчи на Вардар сакам да се извинам за потегот кој се направи на прославата со екипата во Струга.“, изјави Седлоски на стартот на прес-конференцијта како најава за натпреварите со БиХ и Турција.

Македонски


