Skip to main content

Седлоски: Се извинувам во мое име и во име на играчите

Македонската фудбалска репрезентација со шест порази во исто толку натпревари ги заврши натпреварите од групата Б1 во Лигата на нациите. По поразот синоќа во Скопје од Словенија со 0:3, на прес конференцијата селекторот Гоце Седлоски изјави:

–  Морам да се извинам во мое име и во име на играчите за овие натпревари во Лигата на нациите кои ги одигравме без победа и со еден постигнат гол. Натпреварот со Словенија, не знам што се случува, играме дома, без желба и без мотив. Примаме голови на наши грешки, после оној натпревар во Шкотска, мислев дека малку ќе се подигнеме, но бевме лоши. Во тешка ситуација сме, десет натпревари сме без победа и мора да се кренеме. Знаеме дека имаме бараж за опстанок во Б-лигата и со какви екипи играме. Го чекаме извлекувањето и се надевам дека ќе имаме подобро издание на тие натпревари.

Потенцијални ривали во баражот што ќе се игра во март 2027 година (гости – дома) ни се селекциите на: Белорусија, Кипар, Фарски острови и Естонија, кои натпреварите во Ц сегментот го завршија на второто место во групите. Извлекувањето на двојките за баражот ќе се одржи во петок на 20.ноември во Нион

Поврзани вести