
По новата фатална пукотница за време на активностите на американските федерални агенти во Минеаполис, во која беше убиен еден демонстрант, претседателот Доналд Трамп ги нападна градоначалникот и гувернерот на државата Минесота.
Градоначалникот и гувернерот поттикнуваат бунт со нивната помпезна, опасна и арогантна реторика“, напиша Трамп на својата мрежа „Truth Social“.
Трамп напиша и за американската Служба за имиграција и царина (ИЦЕ).
Дозволете им на нашите патриоти да си ја работат работата!“
Гувернерот на државата Минесота, во која се наоѓа Минеаполис, Тим Волц, на прес-конференција го повика Трамп да ги повлече силите од Минесота.
Отстранете ги овие сили од Минесота, тие сеат хаос и насилство“, рече тој.
Градоначалникот Џејкоб Фреј, демократ како и Волц, напиша на X:
Уште колку луѓе треба да умрат или да бидат застрелани пред да заврши ова? Претседателе Трамп, ве повикувам да ги ставите Американците и овој американски град на прво место и да го отстраните ИЦЕ. Ако целта на мисијата е да се обезбеди мир и безбедност, тогаш е постигнато спротивното“, рече Фреј.
Еден човек, 37-годишнот медицински техничар во болница за ветерани од воините, Алекс Прети, вчера почина откако бил застрелан од федералните агенти, се наведува во официјалните извештаи. Многу детали од инцидентот сè уште се непознати.
Министерството за внатрешна безбедност на САД соопшти дека агентите биле на мисија да уапсат странец кој наводно бил нелегално во САД кога им се приближил маж со пиштол.
Според локалната полиција, убиен е американски државјанин кој живеел во Минеаполис, кој бил легален сопственик на пиштол и имал дозвола за негово носење.
На почетокот на јануари се случи слично убиство, кога жена беше застрелана во нејзиниот автомобил во истиот град за време на операција на агенти на миграционите агенти.

Македонски



