
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „Царини“ е неговиот омилен збор, според американските медиуми.
Би рекол дека мојот омилен збор е „царина“. Го сакам повеќе од кој било друг збор во речникот“, рече Трамп вчера за време на настан во Пенсилванија, објавува „Њујорк пост“.
Тој додаде дека неговата царинска стратегија „донесува стотици милијарди долари“ во САД, објавува американскиот весник.
Трамп рече дека челичарниците, особено во Пенсилванија, постигнуваат подобри резултати благодарение на неговата царинска стратегија.
Доколку немаше тарифи, немаше да имате челик. Немаше да имаме челичарници во САД, а тоа би било навистина лошо за националната безбедност, рече Трамп.

Македонски







