Skip to main content

Смртоносниот вирус ебола повторно се шири во Африка

Уганда потврди појава на жариште на смртоносниот вирус ебола на својата територија, соопшти Министерството за здравство на земјата.

Надлежните власти информираа дека е регистриран сојот Бундибугјо, еден од познатите видови на вирусот ебола.

Еден пациент починал завчера на одделение за интензивна нега, откако развил хеморагични симптоми карактеристични за болеста.

Министерството за здравство соопшти дека заразата била пренесена од соседната Демократска република Конго, каде претходно беа регистрирани случаи на ебола.

Здравствените власти во Уганда преземаат мерки за следење на контактите и спречување на понатамошно ширење на вирусот.

Поврзани вести