Skip to main content

Словачкиот министер за надворешни работи, Јурај Бланар на средба со Лавров: Украина во НАТО би значела трета светска војна

Словачкиот министер за надворешни работи, Јурај Бланар, изјави дека членството на Украина во НАТО би значело трета светска војна.

Тој директно го отфрли украинското членство во НАТО и рече дека се согласил на тоа за време на разговорите со неговиот руски колега, Сергеј Лавров, во Москва.

„Ние како влада, ако имаме мнозинство во парламентот, ќе бидеме против членството на Украина во НАТО, бидејќи тоа би било почеток на апсолутна, дестабилизирачка, а можеби дури и трета светска војна“, нагласи тој.

Од друга страна, што се однесува до членството на Украина во ЕУ, тие го поддржуваат.

„Кога станува збор за членството на Украина во Европската Унија, ние имаме сосема поинаква позиција, бидејќи целосно ја поддржуваме“, додаде тој.

Бланар истакна дека Словачка ќе ја продолжи соработката со Киев.

„Го чекаме четвртиот состанок на заедничките влади на Украина и Словачка, каде што работиме на конкретни проекти бидејќи веруваме дека на Украина ѝ е потребна хуманитарна помош“, рече министерот наведувајќи ја особено соработката во енергетскиот сектор.

Бланар нагласи дека сметаат оти снабдувањето со оружје не помага за решавање на овој конфликт и оти тој треба да се реши дипломатски преку мировни преговори.

Словачкиот премиер Роберт Фицо привлече критики во Европа и од својот народ по ненадејната посета на Москва и разговорите лице в лице со рускиот претседател Владимир Путин во декември минатата година.

Роберт Фицо е третиот лидер на ЕУ што го посети Путин во Москва, откако рускиот лидер нареди инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Поврзани вести