
Владата на Шведска ќе издвои дополнителни 7,47 милијарди долари за воена помош за Украина во следните две години, изјави шведскиот министер за одбрана Пал Јонсон, додавајќи дека Стокхолм финансиски ќе ја помогне и Полска ако биде потребно.
Јонсон посочи дека помошта за Украина е преку купување на одбранбени системи и делови за нив, како артилериските системи Арчер.
– Секојдневно работиме на тешките промени на приоритетите, бидејќи мораме да ја зголемиме поддршката за Украина … некои земи и операции ќе бидат во втор план, изјави шведскиот министер за развојна соработка Бенџамин Дуса.
Тоа значи дека Шведска ќе престане со помошта за други држави. Шведската Влада веќе одлучи постепено да ја укине развојната помош за Мјанмар.