
Во писмото пронајдено во куќата на убиецот во областа Грац-Умгебунг, Артур А. напишал дека се чувствувал малтретиран, пренесуваат медиумите. Писмото го пронашла полицијата.
Артур А., утрово во Грац го изврши најсмртоносниот напад во Австрија по Втората светска војна. Уште една жена почина во болница од здобиените повреди, со што бројот на загинати порасна на 11, вклучувајќи го напаѓачот, кој извршил самоубиство во тоалетот на училиштето.
Во нападот загинаа и ученици од 5-то и 8-мо одделение.
Австрискиот весник „Кронен цајтунг“ пишува дека истражителите кои го пронашле писмото во куќата на 21-годишниот сторител сметаат дека нападот бил однапред испланиран. Бројот на ранетите повредените расте, а училиштата ширум Австрија ги засилија безбедносните мерки.