
Русија и Украина денеска размениле по 146 воени затвореници, соопшти руското Министерство за одбрана.
Денеска, 24 август, 146 руски војници се вратија од територијата контролирана од режимот во Киев, соопшти министерството на Телеграм, додавајќи дека 146 украински воени затвореници биле предадени во замена, благодарение на посредничките напори на Обединетите Арапски Емирати.
Осум жители на рускиот пограничен регион Курск, кои нелегално беа држени од Украина, исто така се предадени на Русија, наведува министерството.
Размената на заробеници и тела на загинати војници е една од малкуте преостанати области за кои има соработка меѓу Москва и Киев. Двете завојувани страни разменија илјадници затвореници оваа година, во согласност со договорите постигнати за време на три рунди разговори во Истанбул од мај до јули.