Skip to main content

„Бело се пере на деведесет“ -приказна заснована на вистински настани и адаптација на истоимениот роман на словенечката писателка Броња Жакељ денеска во Кинотека

БЕЛО СЕ ПЕРЕ НА ДЕВЕДЕСЕТ

Whites Wash At Ninethy

Марко Набершник / Словенија, Италија, Хрватска, Македонија, Србија, Црна гора / 2025 / 144 мин

Филмот „Бело се пере на деведесет“ е трогателна, инспиративна и проткаена со хумор приказна за животот на Броња (Леа Цок), додека ја следиме низ различни фази од животот. Како дете, таа ужива во истражувањето на светот со својот помлад брат, Рок, и наоѓа утеха кај нејзината баба, Дада (Аница Добра). Но, нејзиното безгрижно детство завршува кога нејзината мајка ја губи битката со ракот, а во доцните тинејџерски години и таа самата мора да се соочи со подмолната болест, кога ѝ е дијагностициран Хоџкинов лимфом. Приказната е заснована на вистински настани и адаптација на истоимениот роман на словенечката писателка Броња Жакељ. Филмот го прикажува патот до созревањето на Броња во текот на 80-тите и 90-тите години од минатиот век, преку нејзината лична трансформација, нудејќи им надеж и инспирација на гледачите.

Проекции

Четврток, 12 март20:00

Оригинален јазик

150 ден

Улоги

Леа Цок, Аница Добра, Јуриј Зрнец, Тјаша Железник, Жига Шорли, Меи Рабич, Јака Мехле, Владимир Тинтор, Ива Крајнц Баргола, Саша Табаковиќ, Јуре Рајшп, Полона Јух, Блаж Доленц

РежисерМарко Набершник

Година2025

ЗемјаСловенија, Италија, Хрватска, Македонија, Србија, Црна гора

Времетраење144 мин

Возрасна категорија14+

ФорматDCP

Поврзани вести