Skip to main content

Руси хакирале профили на Сигнал на германски политичари

Фото: Freepik

Руски хакери манипулирале со профилите на германските политичари на комуникациската платформа Сигнал, објавија денеска германските медиуми.

Нападнати се профилите на министерката за семејство Карин Приен и министерката за градежништво Верена Хуберц, како и претседателката на Бундестагот, Џули Клокнер. Тие биле членови на различни „чет групи“ во кои бил и канцеларот Фридрих Мерц и другите членови на владата.

Како што наведуваат германските медиуми, хакерите немале директен пристап во нив.

Безбедносната служба на германската влада на корисниците им препорача да не ги користат постоечките „чет групи“.

Во 2015 година руските тајни служби продреа во ИТ системот на Бундестагот и украдоа бројни документи и податоци, вклучително и листи со електронски адреси.

Непрофитната организација „Сигнал техонолоџи комуникејшн“ (Signal Technology Communications) соопшти дека кибернападите не се резултат на „грешки во безбедносната структура“ на платформата Сигнал.