Skip to main content

„Предвидување на иднината на светот во 2025 година“: Фајненшл тајмс ја објави својата прогноза за годинава

Карактеристиката на годишните прогнози во последниве години е дека сè повеќе треба да ги решаваме прашањата за војна и мир. Оваа година, нашите автори нудат прогнози за конфликти во Украина, Блискиот Исток, Судан – и друг вид војна: тарифи, пишува Фајненшл тајмс.

Главните прогнози за 2025 година:

🔵 Ќе се склучи мир меѓу Русија и Украина, но за тоа новоизбраниот американски претсеџател Доналд Трамп ќе мора да се закани со остри санкции и да ја зголеми поддршката за Киев за да ја принуди Москва сериозно да се вклучи во преговорите. Неговите сојузници ќе го убедат да не го трга од дневниот ред прашањето за членството на Украина во НАТО, барем во почетната фаза. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе се согласи на вистинска, но не и легална контрола на Русија врз териториите што ги окупира.

🔵 Трамп ќе почне сеопфатна тарифна војна, а првата земја што што ќе биде погодена е Кина. Лидерите на Мексико и Канада ќе заземат цврст став за имиграцијата за да избегнат високи царини од Вашингтон.

🔵 Луѓето ќе имаат „Агенти за вештачка интелигенција“ – софтвер кој ќе „живее“ во мобилните телефони и ќе извршува разни дигитални задачи наместо сопственикот. Тоа вклучува пополнување онлајн формулари, испраќање е-пошта и препишување повици.

🔵 Емануел Макрон ќе остане претседател на Франција и покрај силното слабеење на неговата позиција;

🔵 Иако Трамп е познат по својот фанатизам кон конкурентите, тој нема да се кара со Илон Маск. Тој за возврат ќе ги задржи придобивките од нивната соработка.

🔵 Германија ќе ја олесни својат должничка сопирачка. Неодамна, има се повеќе повици за земјата да го релаксира „Шулденбремсе“, уставна одредба која го ограничува задолжувањето на централната влада на 0,35 отсто од БДП годишно.

🔵 Израел и САД нема да ги нападнат иранските нуклеарни постројки, иако Израел е во големо искушение за таа можност. За да го нападнат Иран, на израелските власти ќе им треба одобрение од Трамп, но тој нема да го даде, за да не поттикне нова голема војна.

🔵 Биткоинот ќе достигне 200 илјади долари. Поддршката на Трамп за криптовалутите ќе го стимулира нејзиниот раст.

🔵 Војната во Судан, која принуди 12 милиони луѓе да ги напуштат своите домови, за жал ќе продолжи и во 2025 година.