Падот на српската Влада е резултат на притисокот на домашната јавност предводена од студентите врз претседателот Александар Вучиќ, а не на притисок од странство, изјави за Хина европратеникот Тонино Пицула, постојан известувач на Европскиот парламент за Србија.
Падот на српската влада е последица на зголемениот притисок врз режимот на Александар Вучиќ од спонтано мобилизираната домашна јавност предводена од студенти, а не „невидливата рака“ на сили од странство како што ги претставува премиерот. Напротив, некои од највлијателните политичари од земјите-членки на ЕУ, исто како и претседателот на Комисијата, му дадоа отворена поддршка на српскиот претседател – рече Пицула.
Останува да се види дали оваа поддршка за автократијата ќе остане непроменета и по евидентниот колапс на сегашниот модел на владеење со Србија. Мора да се одговори и на прашањето дали масовните протести имаат доволен трансформациски капацитет за подлабоки промени во државата. Тоа секако зависи од понатамошните потези на спротивставените страни, оцени социјалдемократот.