Skip to main content

Остатоци од руска ракета пресретната од украинското ПВО паднале врз зграда во Киев, има загинати

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека најмалку осум лица загинале во руски ракетен напад врз Киев.

На социјалните мрежи е објавено видео од зградата на коешто се гледа дека врз неа најверојатно паднал дел од руска ракета погодена при пресретнување од украинската противвоздушна одбрана. Тоа се гледа од штетата предизвикана на зградата, коешто би било многу поголемо (практично целото здание би било срамнето со земја), доколку зградата била директно погодена.

Зеленски на X дека тимови за итни интервенции моментално ги чистат урнатините на петкатната станбена зграда, додека потрагата по евентуални преживеани продолжува.

Ова е уште еден масовен напад врз нашите градови и заедници. За жал, веќе е потврдено дека најмалку осум лица загинале, а десетици се ранети. Луѓето може сè уште да бидат заробени под урнатините“, рече Зеленски.

Зеленски повика на остри санкции против Русија, нагласувајќи дека „сите рокови се пробиени и десетици можности за дипломатија се уништени“.

Очекуваме реакција на Кина на она што се случува. Кина постојано повикува на неширење на војната и на прекин на огнот. Па сепак, тоа не се случува поради Русија. Очекуваме реакција и од Унгарија. Смртта на децата сигурно треба да предизвика многу поголеми емоции од сè друго“, напиша Зеленски.

Тој нагласи дека Русија мора да биде одговорна за сите напади и за сите жртви на војната.

Поврзани вести