Skip to main content

Орбан: Унгарија влегува во период на либерална државна управа

Facebook / Orbán Viktor
Facebook / Orbán Viktor

Унгарскиот премиер во заминување, Виктор Орбан, во писмо упатено до членовите на неговата партија Фидес, порача дека шеснаесетгодишната ера на национална управа во Унгарија завршила со изборите, означувајќи го почетокот на новиот период дефиниран со либерална државна управа и пронационална опозиција.

Задача на нашата заедница е да ги брани големите национални достигнувања од изминатите 16 години и да го одржи идеалот на пронационалната управа. Либерална државна управа и пронационална опозиција – тоа е новата реалност. Ова е областа во која мораме да работиме“, укажа Орбан и додаде дека во тој дух е реорганизирана пратеничката група на Фидес, пренесува агенцијата МТИ.

Орбан им се заблагодари на членовите на својата партија за нивната работа за време на кампањата и ги повика да ја проценат ситуацијата на нивните вообичаени постизборни состаноци. 

Поврзани вести