Skip to main content

Орбан: Евентуалното членството на Украина во ЕУ ќе и наштети на Унгарија и ќе има последици по Европа

Facebook Orbán Viktor

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан повторно го критикуваше евентуалното членство на Украина во Европска Унија и најави дека „сè ќе направи“ за да го спречи тоа.

Според него членството на Украина во ЕУ би наштетило на унгарските интереси и би имало последици за Европа.

Украина би го проголтала секое евро, форинта и злота што досега ги потрошивме за зајакнување на европските семејства, европските земјоделци и европската индустрија … За 10 години, не би бил мирен пред себе, пред своите деца и земјата ако не направам сè за да ги заштитам Унгарија и ЕУ од сонот на Брисел за пристапување на Украина, посочи Орбан.

Украина официјално аплицираше за членство во 2022 година, а пристапните преговори ги почна преговорите во јуни 2024 година. Лидерите на ЕУ ја одредија 2030 година како прелиминарен датум за потенцијалниот влез на Украина.

Унгарија како земја-членка на ЕУ има право на вето во секоја фаза од процесот.

Односите помеѓу Будимпешта и Киев се влошија минатиот месец кога Украинската безбедносна служба (СБУ) соопшти дека открила унгарска шпионска мрежа во западниот дел на Украина. Потоа Будимпешта објави дека ги прекинува разговорите со Украина за правата на националните малцинства, што Унгарија долго време го претставуваше како главна пречка во преговорите за пристапување.

Поврзани вести