
Европската Унија е во состојба на распаѓање и доколку не се направат радикални промени, следниот седумгодишен буџет ќе биде последен за заедницата, рече Орбан.
„Верувам дека ЕУ сега влезе во состојба на распаѓање. И ако ова продолжи, а веројатноста за ова да се случи е многу голема, тогаш ЕУ ќе влезе во историјата како депресивен резултат на еден благороден експеримент“, рече Орбан.
Унгарскиот премиер потсети дека Европската Унија сега мора да усвои нов заеднички буџет за периодот од 2028 до 2035 година.