Skip to main content

Ограничен пад на цените на нафтата

Цените на нафтата денеска се намалија откако САД почнаа акција за повторно отворање на Ормуска Теснина. Но, падот на цените е ограничен и нафтата се тргува за повеќе од 110 долари за барел.

На Лондонската берза нафтата Брент попладне се продаваше за 112,61 долари за барел или за 1,6 отсто помалку од вчерашната цена на затворање на берзите. Вчерашниот ден заврши со раст на цената на нафтата за 5,8 проценти.

На берзите во САД цената на американската лесна нафта се намали за 2,5 долари и се тргуваше за 103,92 долари. Намалувањето во однос на вчера е 2,35 проценти, откако вчерашниот раст изнесуваше 4,4 отсто.

Поврзани вести