Skip to main content

Русинка стана прва жена во историјата именувана за капетан на нуклеарен мразокршач

Rosatom
Rosatom

За прв пат во историјата, жена стана капетан на нуклеарен мразокршач, откако Марина Старовоитова е именувана за капетан на рускиот нуклеарен мразокршач „Јамал“. Соопштението беше дадено на церемонија по повод 80-годишнината од рускиот нуклеарниот сектор.

Старовоитова ја поминала целата своја поморска кариера (20 години искуство на море), од морнар до прв офицер, па до капетан.

Таа се приклучи на флотата во 2005 година, напуштајќи ја својата професија како наставничка по руски јазик и литература. Нејзиниот прв брод беше нуклеарниот контејнерски брод „Севморпут“, каде што почна да работи како офицер за дневна стража.

Во текот на својата морнаричка кариера, Старовоитова се искачи на сите рангови во поморската кариера – од морнар од прва класа до виш помошник капетан во трговската флота.

Мразокршачот „Јамал“, дизајниран за навигација низ арктичкиот мраз и работа на Северната поморска рута, е придвижуван со два нуклеарни реактори што произведуваат 75.000 коњски сили. Русија е единствената земја со флота од нуклеарни мразокршачи.

Поврзани вести