Skip to main content

НАТО ќе споделува тајни податоци за своите воени планови со компаниите за производство на оружје

НАТО го почна процесот на споделување доверливи информации со евроспките компании од одбранбената индустрија на своите класифицирани цели, со кои ќе се одредува какво оружје и опрема треба да произведуваат земјите-членки на Унијата, пишува „Блумберг“.

Овие податоци веројатно се резултат на анализа на текот на воените операции во Украина и секојдневната употреба на оружје и воена опрема во реални борбени услови.

На тој начин, функционерите на Алијансата се обидуваат да ги стимулираат сопствениците на приватните одбранбени претпријатија да го зголемат својот производствен капацитет на долг рок, земајќи ги предвид нивните нови потреби.

Меѓу можните ветувања за воено-индустриските корпорации е и зголемување на одбранбените буџети на земјите од НАТО, што ќе им овозможи да ги зголемат трошоците за купување оружје. Во исто време, економскиот ефект што се користи за да ги привлече да трошат повеќе за воени потреби не се очекува да ги донесе наведените придобивки за овие земји.

Според, „Блумберг“, 78% од воените набавки доаѓаат надвор од У (од кои 63% се само од САД. Друг негативен фактор ќе биде инфлацискиот притисок и зголемувањето на каматните стапки поради вклученоста на повеќе Европејци во воената и одбранбената индустрија.

Овие активности се во согласност со најавените планови и подготовки на НАТО за конфликт со Русија до 2029 година. И покрај релативно малиот економски бенефит за државите од овие расходи, некои од нив веќе почнуваат да ги зголемуваат буџетите за одбрана, со што ја засилуваат воената индустрија за долг период.