Skip to main content

Најмалку 50 загинати во ноќешните израелски напади врз Појасот Газа

Најмалку 50 лица, меѓу кои и 22 деца, загинаа ноќеска во израелските напади врз Појасот Газа, додека еден израелски војник загина во борбите на палестинската територија, објавија француските медиуми.

Најмалку 50 лица загинаа, меѓу кои и 22 деца, во израелските напади врз Појасот Газа што траат од синоќа, изјави портпаролот на Цивилната заштита на Газа, Махмуд Басал, додавајќи дека уште околу 200 лица се ранети.

Нападите се „јасно и флагрантно кршење на договорот за прекин на огнот“, рече Басал, додавајќи дека ситуацијата во Појасот Газа е „катастрофална и застрашувачка“.

Израелската армија објави дека еден од нејзините војници е убиен вчера во Појасот Газа, и покрај прекинот на огнот што е на сила од 10 октомври меѓу Израел и палестинското движење Хамас.

Според извештаите, 37-годишниот војник бил убиен во борбите на југот од Појасот Газа. Армијата го обвини Хамас за кршење на прекинот на огнот.

Поврзани вести