
Најмалку 39 лица загинаа, а 73 се повредени во синоќешната железничка несреќа што се случи во шпанската покраина Кордоба.
Несреќата се случи кога два брзи воза излетаа од шините во градот Адамуз.
Возот што сообраќаше на релација Малага – Мадрид со 317 патници излета од шините на влезот од Адамуз. Трите вагони преминале на соседната пруга во момент кога надоаѓaл возот од Мадрид до Уелва, што предизвикало и тој да излета од шините.
Поради несреќата денеска откажани се околу 200 возови што сообраќаат на релацијата Мадрид – Андалузија.

Македонски





