Skip to main content
Најголемата воздушна битка во модерната воена историја

Над небото во Кашмир се бореа 120 борбени авиони на Индија и Пакистан

Ai Generated

Според американската телевизиска станица „Си-Ен-ЕН“, за време на индискиот воздушен напад врз Пакистан се случила голема воздушна битка во која учествувале до 120 борбени авиони од двете страни.

Во воздушниот дуел учествуваа индиските авиони „Рафал ФР3“, „Мираж 2000“, „Су-30 МКК“ и „МиГ-29“ и пакистанските авиони „Ј-10ц“, „ЈФ-17“ и „Ф-16“. Овој конфликт, според „Си-Ен-ЕН“, е најголемата воздушна битка во модерната воена историја.

Во воздушните битки се користеле ракети воздух-воздух со дострел од 150 км. Пакистан тврди дека соборил 5 индиски авиони, од кои 3 биле француски „Рафал“. Франција потврди дека еден „Рафал“ бил соборен. Од друга страна, Пакистан најверојатно изгубил еден авион „JФ-17“.

По вестите за соборувањето на авионите „Рафал“ од француско производство акциите на француската компанија „Дасо Авиејшн“, која ги произведува авионите „Рафал“, паднаа за 3,3%.

Поврзани вести