Skip to main content

Над 40 отсто од приходите во ЕУ одат на даноци и придонеси

Уделот на даноците и нето социјалните придонеси во вкупниот бруто домашниот производ (БДП) во ЕУ лани изнесуваше 40,4 отсто, што претставува зголемување во однос на 39,9-те проценти во 2023 година, соопшти денеска Европската статистичка служба – Евростат.

Во исто време, тој удел во Еврозоната бил 40,9 проценти, што исто така претставува зголемување во однос на претходната година, кога изнесуваше 40,5 отсто.

Во апсолутни бројки, во 2024 година во ЕУ на име на даноци и социјални придонеси биле исплатени 7.668 милијарди евра, што е за 387 милијарди евра повеќе во споредба со 2023 година.

Гледано по земји членки, најголем удел на даноците и социјалните придонеси во БДП има во Данска од 45,8 проценти, по што следуваат Франција со 45,3 и Белгија со 45,1 отсто. Најмал удел, пак, има во Ирска од 22,4 проценти, пред Романија од 28,8 и Малта од 29,3 отсто.

Во однос на 2023 година, овој удел лани најмногу пораснал на Малта од 26,7 на 29,3 проценти, во Летонија од 33 на 35,5 и во Словенија од 36,8 на 38,8 отсто.

Намалување на уделот во 2024 година и тоа за од 0,5 до 0,1 процентни поени е регистрирано само во пет земји членки на ЕУ – Финска, Холандија, Франција, Португалија и Шведска.

Поврзани вести