
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека имал добар телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп по неговата посета на Кина и оти двајцата се согласиле дека Иран мора да се врати на преговарачката маса, да ја отвори Ормутската Теснина и дека не смее да му се дозволи да поседува нуклеарно оружје.
Мерц во објави на платформата Х информира дека тој и Трамп разговарале и за мирно решение за Украина и ги координирале своите позиции пред претстојниот самит на НАТО во Анкара во јули.
Германскиот канцелар додаде дека САД и Германија се „силни партнери во едно силно НАТО“.

Македонски

