
Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека ќе им пренесе важни информации на европските политичари откако на 9 мај во Москва се сретна со рускиот претседател Владимир Путин.
Фицо оцени дека Путин јасно го изнел својот став по прашањето за постигнување решение за украинскиот конфликт, наведувајќи дека посредник во преговорите на Европската Унија со Русија треба да биде „некој што ја познава руската душа“.
Путин сака некој што барем малку ја познава руската душа. Не можете да земете кој било и да кажете: Оди преговарај за мир меѓу Русија и Украина, а апсолутно ништо да не знаете за таа земја“, смета Фицо.
Фицо на политичарите во Европа им порача дека мораат да водат нормален разговор со Путин, а не „во тоалет да го прашуваат Фицо за содржината на неговите разговори со Путин“.
Зборувајќи за наводите во медиумите дека украинскиот претседател Володимир Зеленски наводно користи недозволени супстанции, Фицо рече дека „каде што има чад, има и оган“.
Сметам дека, ако нешто се објавува повторно и повторно, тогаш важи принципот: каде што има чад, има и оган. Не гледам причина зошто Словачка не може да коментира и да зборува за она што е веќе во медиумскиот простор“, истакна словачкиот премиер.
Поранешната портпаролка на Зеленски претходно во интервју со американскиот новинар Такер Карлсон алудираше дека Зеленски употребува недозволени супстанции, додека портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека „оние што работеле со Зеленски во шоу-бизнисот на разни настани се сеќаваат на неговата зависност од илегални супстанции“.

Македонски

