Skip to main content

Мерц: Германија нема да учествува во војната против Иран бидејќи тие воени акции немаат меѓународен мандат

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека Сојузна Република Германија нема да учествува во американско-израелската војна против Иран. Тој истакна дека таквата акција нема мандат од Обединетите нации или од Европската Унија.

Немаме мандат од Обединетите нации, Европската Унија или НАТО, што е неопходно според Устав. Затоа, од самиот почеток беше јасно дека оваа војна не е прашање на НАТО“ изјави Мерц на прес-конференција во Берлин.

Германскиот канцелар додаде дека САД и Израел не ја консултирале Германија во врска со покренувањето на нападот.

Кога станува збор за Иран, никогаш не е донесена заедничка одлука за тоа дали воопшто треба да се интервенира. Само по себе, затоа, не се ни поставува прашањето за евентуално воено учество на Германија“, нагласи Мерц. 

Поврзани вести