Skip to main content

Меѓународен суд на правдата: Израел мора да дозволи помошта на ОН да стигне во Газа

Фото: Printscreen/Guardian News

Израел мора да дозволи доволно хуманитарна помош во Појасот Газа и да соработува со Агенција за помош на ОН, пресуди денеска Меѓународниот суд на правдата (МСП).

Пресудата од највисокиот суд на ОН во Хаг, која не е обврзувачка, наведува дека Израел, како окупаторска сила, е должен да се грижи за населението во Газа, пренесува ДПА.

Израел мора да соработува и со Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток -УНРВА (UNRWA), соопшти судот.

Израел уште од јануари ѝ забрани на УНРВА да работи во Појасот Газа, потсетува ДПА.

Од март до мај, Израел во суштина престана да дозволува помош во Појасот Газа.

Откако кревкото примирје стапи на сила на 10 октомври, Израел продолжи да дозволува транспорт на помош во блокираната крајбрежна област.Меѓутоа, за Обединетите нации ова е далеку од доволно за да се поддржи населението кое страда, потсетува ДПА.

Поврзани вести