
Малтешкиот премиер Роберт Абела, соопшти дека Малта на денешната сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, официјално ќе ја признае Државата Палестина.
Абела додаде дека признавањето на Палестина е историско и оти Валета останува посветена на постигнување мир во регионот.
Малта го следи примерот на Велика Британија, Канада, Австралија и Португалија, кои вчера ја признаа Државата Палестина.