
Поранешниот британски принц Ендру, чие целосно име е Ендру Маунтбатен-Виндзор, е уапсен под сомнение за злоупотреба на јавна функција, што произлегува од објавувањето на документите за Џефри Епстин.
По апсењето на Ендру Маунтбатен-Виндзор, се огласи и брат му, британскиот крал Чарлс Трети, велејќи дека „законот мора да се спроведува“.
Со најдлабока загриженост ја примив веста за Ендру Маунтбатен-Виндзор и сомневањето за злоупотреба на јавна функција. Она што сега следи е целосен, фер и соодветен процес во кој ова прашање ќе биде соодветно истражено од страна на надлежните органи. Во ова, како што реков претходно, тие ја имаат нашата целосна и безрезервна поддршка и соработка. Законот мора да се спроведува. Додека овој процес е во тек, не би било соодветно да коментирам понатаму за ова прашање. Во меѓувреме, моето семејство и јас ќе продолжиме да ги извршуваме нашите должности и да ви служиме на сите вас, изјави кралот Чарлс.

Македонски



