Skip to main content
Дипломатски конфликт околу руската пченица

Киев бесен на Израел што купува жито од Русија

marek-studzinski-on-unsplash

Украина и Израел се на работ на дипломатски конфликт околу пратките руска пченица за Тел Авив, објавува новинар на Aксиос.

Украинската претставка се однесува на жито што товарни бродови го транспортираат од „новите“ руски територии. Украина инсистира дека товарот ѝ припаѓа на неа. Како што соопшти украинскиот министер за надворешни работи, Андреј Сибига, поради тоа, Киев го повикал израелскиот амбасадор.

Сега пристигна уште една таква пратка. Украина предупреди за последиците во случај на прифаќање на товарот и му предаде протестна нота на амбасадорот Михаил Бродски“, соопшти Сибига.

Едниот брод веќе се истоварил во Израел, а другиот се приближува кон пристаништето Хаифа, и покрај протестите од Киев.

Го следиме овој брод и нема да ја игнорираме ситуацијата. Доколку му биде дозволено да се пристани и истовари, тоа ќе има последици, особено за нашите билатерални односи. Го задржуваме правото да преземеме сите дипломатски и меѓународни правни мерки“, вели украинскиот дипломат.

Сибига вели дека Израел „ги игнорирал“ приговорите на Украина и дека тоа во Киев „се чувствува како шлаканица во лицето“.

Поврзани вести