Skip to main content

Камала Харис сака повторно да се кандидира за претседател на САД

Facebook / Kamala Harris
Official White House Photo by Adam Schultz

Поранешната потпретседателка и кандидат за претедаел на САД, Камала Харис, се подготвува за повторна кандидатура на претседателските избори во 2028 година и веќе презема чекори во таа насока, објави „Аксиос“.

Харис се обрати пред Демократскиот национален комитет, критикувајќи ја моменталната состојба во земјата и наведувајќи дека луѓето сакаат промени. Ова е значително отстапување од првата кампања на Харис, во која таа го поддржа тогашниот претседател Џо Бајден.

Харис, исто така, ја прошири својата книжевна турнеја посветена на нејзината книга „107 дена“, за нејзината кратка претседателска кампања минатата година. Политичарката има закажано настапи, вклучително и во Јужна Каролина, клучна држава на демократските прелиминарни избори.

Според „Аксиос“, таа има шанса да победи – Харис води во повеќето анкети на јавното мислење. Но, многу работи сè уште можат да се променат за две години.

Поврзани вести