Skip to main content

Израел го разгледува одговорот на Хамас за примирје, во меѓувреме уште најмалку 40 убиени во Појасот Газа

Израел го разгледува одговорот на Хамас на предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа, каде што продолжуваат израелските напади во кои, според палестински извори, денеска биле убиени најмалку 40 луѓе.

Израелскиот весник „Хаарец“, повикувајќи се на официјални претставници, објави дека Хамас, во принцип, се согласил на примирје и им пренел „позитивен одговор“ на медијаторите.

Деталите од одговорот сега се испитуваат. За вечер е закажан состанок на изралескиот Кабинет за безбедност.

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа во Вашингтон изјави дека би можело да се постигне мир за Газа следната недела, истакнувајќи дека Израел се согласил со потребните услови.

Трамп треба да се сретне со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Белата куќа во понеделник.

Во меѓувреме, продолжуваат израелските напади врз цели во Појасот Газа. Палестински извори објавија дека од раните утрински часови денеска, најмалку 40 лица загинале во напади во различни делови од енклавата.

Палестинската новинска агенција WAFA објави дека цел на израелските напади биле градот Газа и Кан Јунис

Поврзани вести