Skip to main content

Илон Маск на митинг против „судиите активисти“ додели чекови од два милиони долари

X Elon Musk

Во пресрет на клучните избори за судии на Врховниот суд на Висконсин, милијардерот Илон Маск синоќа на политички митинг, со лотарија избра двајца среќни гласачи и им додели по еден милион долари. 

Жителите на Висконсин утре гласаат за тоа кои судии ќе го претставуваат Врховниот суд на државата, каде што моментално мнозинство (четворица од седум судии) се либерали.  Мислењата се дека ако победат либерални судии, тоа би значело загуба на  републиканската подршка во државата, односно прераспределба на силите со истенчување или загуба на републиканското мнозинство во Претставичкиот дом на американскиот Конгрес. Државниот обвинител на Висконсин, демократот Џош Каул, се обиде да ги блокира паричните донации на Маск, тврдејќи дека тие се спротивно законот според кој се  забранува „понуда на нешто вредно со цел да се поттикне гласање“. Сепак, Врховниот суд на државата ја отфрли тужбата.

Маск ги додели чековите за време на митингот организиран како протест против „судиите активисти“. Според неговите адвокати, ова не претставува поткуп, туку израз на слобода на говорот. Во говор, тој нагласи дека овие избори се од критично значење за иднината на САД, бидејќи Врховниот суд на Висконсин наскоро може да одигра клучна улога во прераспределбата на изборните окрузи.

Маск е близок сојузник на претседателот Доналд Трамп и даде поддршка за републиканскиот кандидат, судијата Бред Шимел, кој вети дека ќе се„бори против судиите активисти“ и ќе ги брани конзервативните вредности. Поврзани  организации со Маск и самиот тој за кампањата на Шимел доделија 20 милиони долари. Во одговор, либералната кандидатка Сузан Крафорд го обвини Маск за обид да го купи изборите.

Изборите за Врховниот суд на Висконсин веќе влегоа во историјата како најскапите судски избори досега — вкупните трошоци за кампањата надминаа 81 милион долари, а се очекува да се потрошат до 100 милиони, слични суми се трошат само за трки за во Сенатот на САД. Маск користеше слична тактика за време на претседателските избори, кога неговиот политички комитет исплаѓаше по еден милион долари дневно на гласачи кои потпишале петиција во поддршка на првиот и вториот амандман.

Поврзани вести