Skip to main content

Хезболах го отфрли прекинот на огнот со Израел поддржан од САД

Милитантната група Хезболах денеска соопшти дека го отфрла договорот за прекин на огнот со Израел кој беше поддржан од Соединетите Американски Држави.

Групата во соопштението наведе дека „официјално го известила либанскиот претседател Џозеф Аун за своето отфрлање на договорот, инсистирајќи дека секој прифатлив договор мора да почне со целосно повлекување на Израел од целата либанска територија“, пренесе Скај Њуз.

Хезболах додаде дека враќањето на раселените жители, напорите за обнова и ослободувањето на либанските затвореници исто така ги смета за „неопходни услови за кој било иден договор“.

Милитантната група поддржана од Иран не беше дел од преговорите за постигнување на договорот за прекин на огнот. Израел и Либан се договорија да го спроведат прекинот на огнот, соопшти претходно денеска администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп. Двете земји објавија и заедничко соопштение за договорот за прекин на огнот.(МИА)

Поврзани вести