
Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера лишија од слобода 40-годишна жена од гостиварско село, постапувајќи
по претходна пријава од нејзиниот 52-годишен сопруг дека околу 07:30 часот, по кратка расправија во семејната куќа, физички го нападнала, при што искршила дел од покуќнината и му го оштетила мобилниот телефон.
Од СВР Тетово велат дека по целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Македонски


