Skip to main content

Хамас го прифаќа новиот предлог за примирје во Газа

mohammed-ibrahim-on-unsplash
mohammed-ibrahim-on-unsplash

Палестинското движење Хамас го прифати предлогот на новиот медијатор за примирје со Израел во Појасот Газа, со ослободување на заложниците кои се на палестинската територија, изјави неименуван функционер на движењето.

Напорите на медијаторите – Египет, Катар и САД – во последните месеци досега не успеаја да постигнат трајно примирје во 22-месечната војна што го опустоши Појасот Газа, каде што, според Цивилната одбрана, 19 Палестинци се убиени денеска во израелски напади.

Досега ниту еден израелски функционер не го коментираше предлогот за примирје презентиран на Хамас во Каиро.

Хамас го достави својот одговор до медијаторите и потврди“ дека го прифаќа „новиот предлог за прекин на огнот без да бара никакви измени“, изјави неименуван функционер на палестинското движење. 

Поврзани вести