Skip to main content

Француската министерка за култура Дати под истрага за корупција

Француската полиција изврши претреси во Министерството за култура, приватни имоти и Градското собрание на Седмиот арондисман во Париз, како дел од истрагата за корупција против министерката за култура и градоначалничка на Седмиот арондисман во Париз, Рашида Дати.

Обвинителството соопшти дека претресите се дел од истрагата што ја почнаа во октомври двајца француски судии за можна „активна и пасивна корупција, злоупотреба на влијание, проневера на јавни средства, проневера и перење пари во врска со мандатот на Рашида Дати како членка на Европскиот парламент“.

Според француските медиуми, претресите имаат за цел да утврдат дали Дати добила пари од тогашната француска енергетска компанија „GDF Suez“ во 2010 и 2011 година, додека била членка на Европскиот парламент. Дати ги негира обвинувањата.

Дати важи за водечки кандидат за градоначалник на Париз на изборите во 2026 година.

Поврзани вести