
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека „Западот каков што го знаевме повеќе не постои“, мислејќи на промените што се случија како резултат на претседателствувањето на Доналд Трамп со САД.
Во интервју за Цајт, таа ја повтори поддршката за европската регулација на американските дигитални услуги дури и при заканите за укинување на американскиот нуклеарен чадор, нагласувајќи дека во Европа „олигарсите“ не одлучуваат за правилата.
Фон дер Лајен, сепак, ги пофали односите САД-ЕУ, а истовремено ги повика земјите да произведуваат и купуваат повеќе во Европа, особено кога станува збор за клучните одбранбени резерви.