
Словачкиот премиер и лидер на партијата Смер-СД, Роберт Фицо, денеска на конгресот на својата партија во Братислава изјави дека не гледа причина за одржување предвремени парламентарни избори, како и дека усвојувањето на државниот буџет за наредната година е еден од клучните предуслови за политичка стабилност.
Тој истакна дека тоа е порака што треба да ја прифати и партискиот конгрес, додавајќи дека целта на партијата е да победи на изборите во 2027 година и оти таа претставува најстабилната компонента на владината коалиција.
Фицо исто така го поддржа поместувањето на локалните и регионалните избори на 2027 година и повика локалните самоуправи да го поддржат тој предлог, истакнувајќи дека тоа би било најдобро за целата земја.