
ФБИ испратил предупредување до агенциите за спроведување на законот во Калифорнија за можен ирански напад со беспилотни летала врз западниот брег на САД, објави „АБЦ њуз“, повикувајќи се на официјален документ.
Неодамна добивме информации дека на почетокот на февруари 2026 година, Иран имал намера да изврши изненадувачки напад со употреба на беспилотни летала од непознат брод во близина на брегот на САД, поточно против неодредени цели во Калифорнија, во случај САД да извршат напади врз Иран“, се наведува во предупредувањето.

Сепак, ФБИ нагласил дека нема конкретни информации за времето и целите на нападот.
Предупредувањето е издадено кон крајот на февруари – пред времето на почетокот на воената кампања на американскиот претседател Доналд Трамп против Иран и иранскиот одговор во вид на напади со беспилотни летала на Техеран врз објекти на Блискиот Исток попврзани со американската армија.
По ваквото предупредување на ФБИ, властите во Калифорнија веќе ги зголемиле безбедносните мерки. Канцеларијата на гувернерот Гевин Њусом соопшти дека службите за итни случаи „активно работат со државните, локалните и федералните агенции за спроведување на законот за да ги заштитат нашите заедници“.

Македонски


