
Европската Унија има намера да престане да издава Шенген визи со повеќекратен влез за Русите „во повеќето случаи“, пишува „Политико“.
Според изданието, се очекува новите, построги правила, кои се дел од пакет мерки насочени кон намалување на бројот на Руси што влегуваат во земјите од блокот, официјално да бидат усвоени и да стапат во сила оваа недела.

Брисел веќе го отежна и поскапе добивањето визи за Русите со суспендирање на договорот за олеснување на визниот режим со Москва на крајот од 2022 година.
Сепак, издавањето визи останува национална надлежност, што значи дека иако Европската комисија може да го комплицира овој процес, не може да воведе целосна и сеопфатна забрана за влез за руските туристи.

Македонски







