Skip to main content

ЕУ не сака Делси Родригез да ја предводи Венецуела, немала легитимитет

Video screenshot

ЕУ не го признава легитимитетот на вршителот на должноста претседател на Венецуела, досегашната потпретседателка Делси Родригез.

Портпаролката на ЕК, Анита Хипер, порача дека Европската комисија повикува на вклучување на венецуелските опозициски личности Едмундо Гонзалез и Марија Мачадо во процесот на „демократска транзиција“.

Хипер истакна дека ЕУ не го признава легитимитетот на вршителот на должноста претседател на Венецуела, Делси Родригез.

За потсетување, Мачадо ја доби Нобеловата награда за мир во 2025 година. По воената операција на САД во Венецуела, таа предложи наградата да му биде доделена на Доналд Трамп. Трамп претходно изјави дека Мачадо е неспособна да ја води земјата.

Поврзани вести