Skip to main content

ЕУ бара објаснување од Украина за поткупот од 100 милиони долари во енергетскиот сектор

president.gov.ua
president.gov.ua

ЕУ бара објаснување од Украина за поткупот од 100 милиони долари за енергетика, пишува „Политико“.

Според изданието, официјалрн Брисел е сериозно вознемирен, откако најголемиот корупциски скандал во Украина под водство на претседателот Володимир Зеленски откри шема за поткуп од 100 милиони долари во енергетскиот сектор.

Ова никогаш порано не се случило – и еве го повторно! Сега Европејците се преправаат дека се изненадени и бараат гаранции од Киев дека тоа нема да се случи повторно, пишува „Политико“.

Еден европски функционер отворено анонимно признал за големината на скандалот,

Корупцијата е скандалозна. Не помага на угледот на Украина. Европската комисија ќе мора повторно да размисли како се трошат парите“, изјавил функционерот.

„Политико“ пишува дека времето на скандалот е исклучително несреќно: нема буџет за 2026 година, а конфискацијата на запленетиот руски имот не е дозволена. Затоа Брисел сега сака молк во медиумите, но силни м потези и ветувања од Киев зад затворени врати.

Поврзани вести